Monday, December 25, 2017

Женска дисциплина

Прескок: Во прескок, гимнастичарките трчаат 25m (околу 82 стапки) до прескочниот коњ или отскочна табла од која држејќи се со рацете изведуваат вежба во воздух префрлајќи се од другата страна на помагалото. Егзибицијата во воздух може да вклучува едно или две повеќекратни салта или култови, или пак може да биде само вртење на воздух. При доскокот многу е важно гимнастичарката стабилно да застане со две нозе, бидејќи во спротивно тоа се казнува од страна на судиите.
Во 2001 година, старото помагало „коњ“ беше заменето со ново, отскочна табла која е поцврста, постабилна и со поголема површина (1m со 1m) и овозможува поголема стабилност и сигурност при изведувањето на прескокот. Со оваа промена на помагалото, гимнастичарите се обидуваат да изведат посложени и потешки вежби.
Двовисински разбој: Во дисциплината двовисински разбој, гимнастичарките изведуваат вежби на две хоризонтални шипки со различна висина којашто е фиксно утврдена за разлика од растојанието помеѓу нив кое може да биде различно. Гимнастичарките на шипките се нишаат, кружат, поместуваат, движат под и над шипката и скокаат од една на друга за време на својот настап којшто го завршуваат со скок со кој потребно е да се приземјат со двете нозе. Гимнастичарките често се качуваат на шипките користејќи помошна даска.
Греда: На греда гимнастичарките во рок од 60 до 80 секунди изведуваат разни скокови, движења, вежби и акробации. Според Меѓународната гимнастичка федерација, гредата треба да биде долга 500cm, широка 10cm и поставена на висина од 125cm. За настап на греда потребна е рамнотежа, флексибилнос и сила.
Партер: Оваа дисциплина се состои од вежби на партер во форма на квадрат со димензии 12m со 12m во рок од 70 до 90 секунди кои гимнастичарките ги изведуваат со придружба на музика.

Tuesday, December 5, 2017

Египќанскта гимнастика

Гимнастиката за прв пат се појавила во Египет, но тогаш се сметало дека тоа биле само акробации. Во 2 милениум на островот Крит, како дел од минојската култура многу мажи и жени почнале да скокаат преку бикови. Ваквата опасна вежба се состоела во скок кон бикот кој е во фаќање, држење и испуштање од неговите рогови по што следувале акробации во воздух.
Денешен најпознат клуб е Ribbon Qual кој  2015 бил избран за најдобар клуб категорија 5 члена.Image result for ribbon qual egyptRelated imageImage result for ribbon qual egypt 2015

Wednesday, November 29, 2017

Акробатска гимнастика

Акробатска гимнастика (порано позната како Спортска акробатика), или акроспортови е вид гимнастика во кој се натпреваруваат мажи и жени во парови од по двајца, тројца или четворица при што изведуваат вежби со главата, рацете и нозете на своите партнери. Може да се избере и сопствена музика, но лириката е забранета. Натпреварувачите се натпреваруваат во А и B категорија, а потоа во нивоата 1, 2, 3, 4 и 5; од 3, 4 и 5 две рутини се постигнати, баланс и темпо.

Ритмичка гимнастика

Ритмичката гимнастика е нова гимнастичка форма којашто се развила во последно време и стана многу популарна. Во неа настапуваат само жените, но постои и ритмичка гимнастика во машка конкуренција со потекло од Јапонија. Изведбата е на поголема површина од партерот, а гимнастичарките со придружба на музика која може да има вокали, но не и зборови и со помош на хулахопи, ленти, топки и јажиња го имаат својот настап. Изведбата е групна, а настапот се оценува од судиите со максимални 20 поени.

Thursday, November 23, 2017

Шпага

Исто така шпагата е еден од основните елементи во гимнастиката.

Со ова фаза може да се направи женска шпага. Постијат 28, во ова слика има 30. Последните не се потребни. 

1. Првата фаза е истегнување
2. Втората фаза е истегнување на нозете и рацете
3. Во тетата фаза има истегнувсње на подоколениците и долниот дел на коленото. Во ова фаза треба да се заджат прстите на ногата.
4. Во четвртата е многу важно задната нога е на прсти или на цело стапало. Ова е важно за да може да се прави шпагата.
5. Сега епотребно и перница. Перницата моментално има улога како помошник за правење на шпага.
Овие пет фази се најважни.
Потоа само повторувајте ги вежбите и секоја фаза држете ја 30 секунди
Со овие вежби шпагата се прави за 3-4 дена.



Еве слика како треба да изгледа


Image result for splits



Женска дисциплина

Прескок : Во прескок, гимнастичарките трчаат 25m (околу 82 стапки) до прескочниот коњ или отскочна табла од која држејќи се со рацете изведу...