Monday, December 25, 2017

Женска дисциплина

Прескок: Во прескок, гимнастичарките трчаат 25m (околу 82 стапки) до прескочниот коњ или отскочна табла од која држејќи се со рацете изведуваат вежба во воздух префрлајќи се од другата страна на помагалото. Егзибицијата во воздух може да вклучува едно или две повеќекратни салта или култови, или пак може да биде само вртење на воздух. При доскокот многу е важно гимнастичарката стабилно да застане со две нозе, бидејќи во спротивно тоа се казнува од страна на судиите.
Во 2001 година, старото помагало „коњ“ беше заменето со ново, отскочна табла која е поцврста, постабилна и со поголема површина (1m со 1m) и овозможува поголема стабилност и сигурност при изведувањето на прескокот. Со оваа промена на помагалото, гимнастичарите се обидуваат да изведат посложени и потешки вежби.
Двовисински разбој: Во дисциплината двовисински разбој, гимнастичарките изведуваат вежби на две хоризонтални шипки со различна висина којашто е фиксно утврдена за разлика од растојанието помеѓу нив кое може да биде различно. Гимнастичарките на шипките се нишаат, кружат, поместуваат, движат под и над шипката и скокаат од една на друга за време на својот настап којшто го завршуваат со скок со кој потребно е да се приземјат со двете нозе. Гимнастичарките често се качуваат на шипките користејќи помошна даска.
Греда: На греда гимнастичарките во рок од 60 до 80 секунди изведуваат разни скокови, движења, вежби и акробации. Според Меѓународната гимнастичка федерација, гредата треба да биде долга 500cm, широка 10cm и поставена на висина од 125cm. За настап на греда потребна е рамнотежа, флексибилнос и сила.
Партер: Оваа дисциплина се состои од вежби на партер во форма на квадрат со димензии 12m со 12m во рок од 70 до 90 секунди кои гимнастичарките ги изведуваат со придружба на музика.

No comments:

Post a Comment

Женска дисциплина

Прескок : Во прескок, гимнастичарките трчаат 25m (околу 82 стапки) до прескочниот коњ или отскочна табла од која држејќи се со рацете изведу...